Албанската опозиција не ја признава одлуката за избори на 30 јуни
Обединетата албанска опозиција не ја признава одлуката на Изборниот колегиум и останува на сопственото убедување дека на 30 јуни нема да има избори. Ова, по средбата што ја свика лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција, го изјави Дашамир Шехи од партијата Движење за национален развој. „Оваа недела ќе кулминира со народни протести. Ова не се избори. Ние не ги признаваме, ова се избори на господинот Рама, ние ќе ја почитуваме уредбата на претседателот Илир Мета која е во сила. На 30 јуни нема да има избори, нашиот отпор ќе биде уште поголем. Ние ќе одиме да се соочиме со оваа нова политичка хунта во секој дел на Албанија. На 30-ти нема да се гласа. Опасноста од оваа група е толку голема што го оправдува секој вид отпор, изјави Шехи.