Заев најави средба со Мицкоски за идната недела
“Ќе разговараме и за пописот, за законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО. Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи. Имаме доволно долг период до редовните избори за посветено и професионално да се посветиме и да ги вградиме препораките дадени од ОДИХР. Ќе разговараме најверојатно и за други прашања кои веројатно и опозицијата ќе ги отвори. Треба да го држиме дијалогот отворен и на ваквите средби ќе ги најдеме решенијата што на која било од страните им претставува одредена резерва или грижа”, изјави Заев по денешната презентација на новата мобилна лабораторија во Бирото за метрологија.