Трамп потврди дека наредил, па запрел воени напади врз Иран
"Во понеделникот тие урнаа дрон кој леташе над меѓународни води. Бевме напнати и одлучни да вратиме минатата ноќ на три различни места. Кога прашав колку луѓе ќе умрат, одговорот од генералот беше “150 господине”. Десет минути пред да почне нападот го сопрев, непропорционално е тоа за соборувањето на еден дрон во кој немаше човек. Јас не се брзам, нашата војска е обновена, нова и подготвена да тргне, досега најдобра на светот. Санкциите влијаат, а од синоќа има и дополнителни. Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје, ниту против САД, ниту против светот”, напиша Трамп.
САД забранија и американските авиони да летаат преку иранскиот административен воздушен простор преку Персискиот и Оманскиот Залив, откако Иранската револуционерна града урна американски воен беспилотен авион.
И Иран и САД потврдија дека во четврток било урнато американско шпионско беспилотно летало. Разликата е во тоа што Техеран тврди дека леталото влегло во нивниот воздушен простор да дека тоа било “многу опасна провокација”, додека САД тврдат дека дронот бил во меѓународен воздушен простор.