Финансиска полиција со кривична пријава за директорот на МРТВ
Втората пријава е против вршител на должност, претседател на Управен одбор на Тето АД Скопје кој во 2018 година го пречекорил своето службено овластување, бидејќи без дозвола поднел барање за стечај за реорганизација на компанијата и со тоа се нанела штета на Топлификација АД Скопје од над 721 милион денари.
Третата кривична пријава е поднесена за вршител на должност, директот на Институтот за јавно здравје со тоа што од 2010 до 2017 не преземал мерки за наплата на побарувањата по основ на извршени услуги и фактури. Со тоа, директорот овозможил да застарат долговите во износ од речиси 41 милиони денари.
Управата за финансиска полиција до надлежните јавни обвинителства, како што информираше нејзиниот директор Арафат Муареми, досега поднела 28 кривични пријави против 51 физичко лице и 28 правни субјекти за сторени 48 кривични дела кои го оштетиле буџетот од над 8 милијарди денари.