Тројца кандидати во трката за британски премиер, Борис Џонсон во водство
Изборот за наследник на Тереза Меј на чело на британската владејачка Конзервативна партија денеска е стеснет на тројца кандидати по четвртиот круг на гласање, а до крајот на денот треба да се изберат финалните двајца кандидати.
Поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја зголеми предноста во однос на другите кандидати и освои 157 од 313 гласови. Втор беше министерот за екологија Мајкл Гоув со 61 и шефот на британската дипломатија Џереми Хант со 59 гласови. Министерот за внатрешни работи Саџид Џавид отпадна од трката со освоени 34 гласови.
Во наредниот круг ќе бидат избрани двајцата финални кандидати, меѓу кои ќе се бира лидерот на Конзервативците и нов британски премиер од страна на 160 илјади членови на партијата ширум земјата.