Трамп - Иран направи многу голема грешка со соборувањето на американскиот дрон
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека Иран направил „многу голема грешка“ со соборувањето на американското беспилотно летало со ракета земја-воздух.
Американската армија соопшти дека соборувањето на едно од нивните беспилотни летала од страна на Иран денеска бил „неиспровоциран напад врз американско средство за набљудување во меѓународниот воздушен простор“.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека го собориле американското шпионско летало кое ја исклучило опремата за следење додека прелетувало над иранскиот воздушен простор во јужната провинција Хормозган.