Уапсени речиси 4000 учесници на протестите во Казахстан
Казахстанскиот министер за внатрешни работи Ерлан Тургимбаерв изјави дека бројката на демонстранти уапсени за време на петдневните протести против резултатите од претседателските избори се искачила на речиси 4000 лица. Според него, протестите се нелегални, при што поголемиот дел од уапсените демонстранти се пуштени на слобода, а 667 лица се осудени на 15 дена затвор, а на 350 им е изречена парична казна.
Илјадници граѓани излегоа на улиците во главниот град Нур Султан, како и Алмати и други градови за да го осудат гласањето на изборите на кои победи Касим Зомарт Токаев, кој беше поддржан од претходниот шеф на државата Нурсултан Назарбаев.