Убиен популарен пакистански блогер и активист
Пакистанската полиција соопшти дека популарен блогер и активист на социјалните мрежи Мухамед Билал Кан бил убиен при напад со нож. Според полицијата, нападот врз 22 годишниот Кан се случил во центарот на Исламабад.
Кан има околу 16 илјади следбеници на Твитер, 48 илјади на неговиот Јутјуб канал, како и повеќе од 22 илјади следбеници на Фејсбук. Тој често пишуваше за исламот, застапувајќи се за соживот меѓу сунитите и шиитите. Кан неодамна започна и кампања на социјалните мрежи за исчезнување на Пакистанци, кои наводно биле киднапирани од војската и разузнавачките служби.