Касами: Заев одма да распише предвремени избори
“Бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, затоа го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и одма да распише предвремени парламентарни избори, после кои сигурно ќе дојде една политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија”, вели Касами.