Собранието ги избра новите министри
Нина Ангеловска е нова министерка за финансии, додека Хисен Џемаили е избран за министер без ресор. Назначени беа и заменици-министри, по дводневна расправа во Собранието каде во меѓувреме препукувања имаше за економијата, странските инвестиции, владеењето на правото и предвремени избори.