Боларис: Комитетот за учебниците е на добар пат
Водиме макотрпна работа со приговори, но во добра клима со добра волја и добри намери, се наоѓаме на добар пат, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, во интервју за радиото „Практорио фм“ по последниот состанок во Охрид на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција. Според него, постојат дискусии кои стигнуваат длабоко во историјата, се бараат извори за да постои најдобар можен пристап.
Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците, повторува дека потребно е од учебници, мапите и другиот придружен материјал, да се елиминираат било какви иредентистички и ревизионистички наводи.