Гејтс: Поодминатата возраст на кандидатите за претседател може да биде проблем
Конкретно, како што јави дописникот на МИА во Вашингтон, тој говореше за интелектуалните способности на поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот Берни Сандерс и актуелниот шеф на државата Доналд Трамп. Во моментов Бајден има 76 години, Сандерс 77, а Трамп е на возраст од 72 години.
„Не сум убеден дека на таа возраст може да се зачува остроумноста која би можеле да ја имате на возраст од 60 години“, изјави Гејтс, кој има 76 години.