Од утре трговците сами ќе ги одредуваат цените на горивата
„Не очекувам трговците да си направат било каква авантура и да предизвикаат од утре билокаков ценовен шок. Доколку влезат во таква авантура при носењето на новата методологија ние тој нивни однос ќе го земеме во предвид. По старата методологија отприлика требаше да бидат цените исти како и до сега. Има мали поместувања, можно е да има мало намалување кај бензините, а исто или минимално зголемување кај дизелот“, изјави Бислимоски.