Заев за отсуството од инаугурацијата на Пендаровски: И јас имам право на одмор
„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за телевизија Телма.
Премеирот Заев поради приватното отсуство на новиот шеф на државата Стево Пендаровски преку видео порака му посака успех во работата.
“Нѐ чека многу заедничка работа за нашиот народ”, рече Заев во видео пораката.