Шведска повторно отвори истрага за Асанж
Од обвинителство соопштија дека ќе бараат негова екстрадиција кога Асанж ќе заврши со отслужувањето на затворската казна во Британија, наредната година. Британските власти ќе треба да донесат одлука која екстрадиција ќе има приоритет, бидејќи Асанж е обвинет и во САД за објавување класифицирани материјали.
Барањето за повторно истрага било поднесено, минатиот месец од страна на адвокатот на жената која тврди дека Асанж ја силувал во 2010 година за време на неговата посета на Шведска. Ансанж ги негираше обвинувањата.