Косовската партија Самоопределување утре ќе протестира во Берлин
Косовската опозициска партија Движење Самоопределување утре ќе протестира воБерлин, каде што, во рамките на самитот на лидерите од Западен Балкан, ќе се сретнат претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.
Протестот, како што соопштија од партијата, ќе се одржи пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на самитот. Мотото на протест е „Против пазарењата на Тачи и Вучиќ“ и на него се повикуваат да учествуваат косовските иселеници во Германија