Ирански министер во посета на Северна Кореја
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џевад Зариф планира да ја посети Северна Кореја, објави денеска иранската државна новинска агенција. Датумот на посетата ќе биде објавен наскоро, се вели во објавата без да се прецизираат детали за посетата. Неодамна Вашингтон воспостави дополнителни санкции кон Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарниот договор со светските сили кој беше донесен во 2015 година.
САД ги зајакна и санкциите за Северна Кореја во обид да го убедат да се откаже од своето нуклеарно оружје.