Ахмети: Очекува цензус во вториот круг
Лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети се надева на поголема излезност во вториот круг. Тој по денешниот собир на подмладокот на партијата изјави дека е убеден оти ќе има цензус на претседателските избори и дека сите органи на неговата партија работат на тоа цензусот да биде постигнат.
„Јас мислам дека на 5-ти мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака о меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ. Не е точно дека ние како ДУИ немаме силна кампања, сите органи на партијата се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност на петти мај, изјави Ахмети.