Иванов: Сите граѓани да бидат сплотени и заедно
Претседателот Ѓорѓе Иванов кој заедно со семејството присуствуваше на утринската литургија во охридската црква св Ѓорѓија им го честита христијанскиот празник Велигден со порака за сплотување.
„Посакувам во текот на целата година сите граѓани на Република Македонија да бидат сплотени, да бидат заедно и да ги пребродат сите предизвици со кои се соочуваат во животот. Посакувам се најубаво за сите, да сме сплотени, заедно да мислиме за се она што доаѓа и што го оставаме во наследство за нашите поколенија, “ изјави денеска Иванов.