Неизвесни избори во Шпанија
Шпанците денеска на парламентарни избори бираат нова Влада. Право на глас имаат околу 37 милиони шпански граѓани, кои ќе бираат 350 претставници во Конгресот. Гласачките мета ќе бидат затворени во 20 часот, а првите резултати се очекуваат неколку часа подоцна. Анкетите од последната недела на изборната кампања покажаа дека околу една третина од потенцијалните гласачи се уште не одлучиле за кого да гласаат.
Според анкетите ниту една партија нема да освои доволно пратеници за сама да формира влада, а во трка се традиционалните партии Шпанска социјалистичка работничка партија и Народна партија, потоа левичарската Подемос, партијата на центарот Граѓани и десничарската Вокс.