Шпанците утре ќе избираат нов парламентарен состав
Утре во Шпанија ќе се одржат парламентарни избори на кои главната битка ќе се води меѓу две левичарски и три десничарски партии. Исходот од изборите е неизвесен покажуваат досегашните анкети, затоа што се очекува водство на владејачката социјалистичка партија, но не доволно за формирање на Влада со левичари без поддршка од десничарска партија. Право на глас во Шпанија имаат речиси 37 милиони граѓани.