Приведени мигранти кои нелегално преминале од Хрватска во Словенија
Полицијата во Словенија соопшти дека во последните два дена се приведени 58 државјани на трети земји, кои нелегално влегле во Словенија од Хрватска. Дел од нив побарале азил, дел се вратени во Хрватска, а за дел постапките се во тек.
Приведените мигранти се од Еритреја, Пакистан, Косово, Авганистан, Мароко, Алжир.
Според Министерството за внатрешни работи на Словенија, во првите три месеци од оваа година, имало 1.639 нелегални гранични преминувања, со што нивниот број е зголемен за 148 отсто во однос на истиот период минатата година.