Хант - Подобро Брегзит без договор отколку да нема Брегзит
Британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави дека би избрал напуштање на Европската унија без договор ако биде соочен со изборот да нема Брегзит или да се напушти Унијата без постигнат договор.
Тој вели дека верува оти ризиците да нема Брегзит се поголеми од ризикот да се напушти ЕУ без договор.
Британскиот секретар за надворешни работи денеска пред новинарите рече дека следниот лидер на владејачката конзервативна партија треба да биде некој кој верува во Брегзит.