Во вооружен напад убиен жител на Рашче
Постаро машко лице попладнево е убиено во вооружен напад на влезот на скопското село Рашче, соопшти порптаролот на МВР, Тони Ангеловски за МИА. Тој вели дека екипи на МВР се упатени на местото на настанот и вршат увид. Повеќе детали се најавуваат за подоцна.