Делегација на ПССЕ го набљудува изборниот процес
Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа заедно со набљудувачите од Парламентарното собрание на ОБСЕ и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе ги набљудува претседателските избори во Република Северна Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Делегацијата ќе се состане со претседателот на Собранието, кандидатите за избори и претставници на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, со претставници на граѓанското општество и медиумите, пред да ги набљудуваат изборите на 21-ви април.
Француската пратеничка Мари Кристин Дало од партијата на Републиканците ќе ја предводи делегацијата на ПССЕ, тоа според неа ќе биде можност да ја открие и земјата.
“Од призмата на ПССЕ ќе гледаме како помина предизборната фаза, додека на денот на изборите како се одвива гласањето за избор на претседател на Република Северна Македонија”, изјави Кристин Дало.
Кристин Дало, притоа нагласува дека делегацијата посебно ќе внимава на повеќе елементи не само на набљудувањето на изборниот процес Заедничка прес-конференција е закажана за понеделник, 22 април, во Скопје, додека извештајот за следењето на претседателските избори во нашата земја ќе бидат претставени на јунската сесија на ПССЕ во Стразбур.