Предизборни субвенции за корупција на гласачите
Антикорупционерите одлучија дека исплатата на долгот кон лозарите од страна на власта во предизборниот период е спротивно на законот, а отворија постапка и за субвенциите за тутунарите. Упатените велат дека тоа е обид за предизборен поткуп, но ефектите од таквите исплати се неизвесни.