Почина поранешниот градоначалник на Тетово Алајдин Демири
Семејството соопштило дека погребот на Демири ќе се одржи денеска во Тетово.
Демири беше избран за градоначалник на Тетово во 1997 година. По деветојулските немири од 1997 година, откако власта се обиде да ги симне албанските знамиња истакнати пред општинските згради во Тетово и во Гостивар, Демири беше осуден на две години затвор, но потоа беше амнестиран.