Бродот со спасени мигранти пристигна на Малта
Мигрантите беа спасени на 3 април кај Либија, но ниеден нема да остане на Малта, наведуваат властите и додаваат дека мигрантите ќе бидат примени во Германија, Франција, Португалија и Луксембург.
Малтешките власти претходно наведоа дека бродот нема да биде примен во пристаниште и дека мигрантите ќе бидат префрлени во другите европски земји со малтешки бродови.