Помпео: Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Иран, изјави денеска во Сенатот државниот секретар Мајк Помпео.
„Можам да го уверам остатокот остатокот од светот дека претседателот Трамп ќе продолжи да го зголемува притисокот во Исламската република Иран, така што нивното однесување ќе се промени“, изјави Помпео во панелот за надворешни односи во Сенатот.
Но највисокиот дипломат на САД одби да даде дополнителен коментар за можноста за откажување од земјите кои увезуваат иранска нафта.
Трамп зазеде тврда линија кон Иран повлекувајќи се од иранскиот нуклеарен договор кои светските сили го потпишаа со Иран во 2015 година и со воспоставување на тешките економски санкции.