Дебата на Порошенко и Зеленски на стадионот во Киев
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека го прифаќа предлогот на Волофомир Зеленски да одржат дебата на Олимпискиот стадион во Киев во пресрет на претседателските избори оваа година, но се чини дека двајцата се уште се поделени за датумот на настанот.
Порошенко денеска пред новинарите изјави дека она што тој го нарекува „дебата 14-14-14“, ќе се одржи на 14 април во 14 часот и 14 минути.
„Како што рече г-дин Зеленски, треба да биде на стадиониот, па нека биде на стадионот, јас ќе ве чекам тука“, рече Порошенко.
Тој додаде дека не ја иницирал идејата дека соочувањето треба да се одржи на стадионот, туку дека иницијативата доаѓа од страна на Зеленски. Порошенко рече дека прво бил изненаден, но оти потоа прифатил.
Се уште не е јасно дали Зеленски ќе го прифати датумот за одржување на настанот. Кандидатите претходно се согласија да одржат дебата, но не се согласија за датумот и за местото на одржување.