Хан: Западен Балкан во ЕУ е заедничка цел на двете страни на Атлантикот
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Атлантскиот совет во Вашингтон изјави дека европската интеграција на Западен Балкан е заедничка цел на двете страни на Атлантикот и влез на сите шест западно-балкански земји во ЕУ.
Тој додаде дека тоа е нивен „личен геополитички интерес“, предупредувајќи дека се доведува во ризик кредибилитетот на ЕУ. Тој рече дека мора да бидат цврсти, но и чесни и да оддадат признание кога е тоа потребно.
Хан се состана со меѓународните партенри во главниот град на САД за да укаже на широкиот спектар на прашања, мешу кои и Западен Балкан.