Антикорупциска одби осум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ
Осум од девет приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ одби Државната комисја за спречување на корупцијата на денешната седница, за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси од распишувањето на претседателските избори.
За приговор во однос на злоупотреба на имот во сопственот на општина Шуто Оризари за одржување на прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа, а претставниците од Општината тврдеа дека објектот не е во нивна сопственост.
За приговорот за можен судир на интереси за објавениот повик за субвенции од страна на Град Скопје за велосипеди, приговорот беше одбиен по констатација дека досега нема извршено исплата на бартател, но беше истакнато дека предметот не е затворен и оти во рок од 30 дена писмено ќе се побара од надлежниот јавен обвинител писмено да ја извести Комисијата за преземени активности од аспект на добро управување.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој беше присутен на седницата, истакна дека многу се внимава да не дојде до законски прекршувања и дека досега нема исплатено ниту денар за таа основа. Тој рече дека не станува збор за правен проблем, туку дека се работи за политичко поднесување на приговори.