Чавушоглу: Ако САД не ни испорачаат авиони Ф-35, можеме да купиме уште ракетни системи од Русија
Ако САД се откажат од договорот за продажба на американски ракети „Патриот“ и ловци Ф-35 на турската армија, Турција би можела да купи дополнителен број С-400 или некои други системи од Русија, се закани турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ.
Според него, „апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот на Анкара со Москва за набавка на руски противвоздушни системи С-400“, и додаде дека руските системи за противвоздушна одбрана С-400, што ќе станат дел од вооружувањето на турската армија, нема да бидат во колизија со ракетните системи на НАТО.
Вашингтон ја предупреди Анкара дека ако го исполни договорот со Москва за набавка на ракетните системи, тогаш САД ќе ја запрат испораката на воените „фантоми“ на Турција.