Бошњаковски: СЈО не заминува во историјата и не се преговара тајно за него
СЈО не заминува во историјата и не е точно дека во разговорите со опозицијата кога било се заклучило дека повеќе нема да функционира, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања за преговорите со опозицијата за законот за јавно обвинителство. Тој нагласи дека преговорите не се водат зад затворени врати затоа што, како што рече, секогаш има информации во јавноста, а министерката за правда Рената Дескоковска секогаш е достапна и ги дава сите детали.
„Намерата е да имаме двотретинско мнозинство, овој закон да биде тој што ќе не забрза на патот кон Европската Унија за да го добиеме датумот. Овој е еден од реформските закон што претставниците на Европската Унија очекуваат да го донесеме заеднички и да најдеме заедничко решение“, рече Бошњаковски.