Попладне невреме со поројни дождови во цела држава
Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува за денеска попладне во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови, соопшти УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Како што информира УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во Северна Македонија продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.