Министерство за правда чека предлози од ВМРО-ДПМНЕ за СЈО
Министерството за правда е подготвено за средба, но кога ќе се одржи зависи од ВМРО-ДПМНЕ, која треба да достави свој предлог за клучните разлики за Предлог законот за јавното обвинителство што ќе бидат во согласност со европските препораки.
„Се чека ВМРО-ДПМНЕ да достави свој предлог за клучните разлики, кој ќе биде во согласност со европските препораки. Штом ВМРО-ДПМНЕ бидат спремни со предлог, ќе има средба. Зависи од нив“, изјавиле од Министерството за правда за МИА.
Според Министерството, последната средба меѓу претставници на власта и опозицијата на која бил разгледан законскиот текст за јавното обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, се одржала завчера.