Хан: Мицкоски ми вети дека нема да ги бојкотираат изборите
Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му ветил дека партијата ќе игра конструктивна и зрела улога во претстојните претседателски избори и нема да ги бојкотира.
Еврокомесарот, во интервјуто за МИА, се осврнува и на досегашниот напредок на државата на патот кон ЕУ, без коментар на изјавите на опозицијата дека Северна Македонија „не е подготвена за преговори со ЕУ, дека има голема корупција, партизација на администрацијата, дека судството не е независно...“.
„Не коментирам индивидуални изјави. Нашите извештаи се објективна проценка и се засноваат на фактите. Северна Македонија оствари значаен и видлив напредок во многу области. Преспанскиот договор е историски
исчекор. Ако се задржи реформската динамика, како што очекувам, извештајот за земјата ќе биде јасен“, вели Хан во интервјуто.