НАТО ќе ѝ подари на Црна Гора 3Д радар вреден 20 милиони евра
НАТО ќе ѝ подари на Црна Горa радарски систем 3Д вреден 20 милиони евра кој ќе биде инсталиран на Бјеласица. Министерството за одбрана на Црна Горе претходно до НАТО упатило барање за отстапување на радарот, објави МИА, повикувајќи се на информации од неколку црногорски медиуми.
„Можеме да потврдиме дека на црногорските власти им е доделен радарски систем. Овој важен чекор претставува уште еден силен напор да се обезбеди одбрана и заштита на воздушниот простор на земјата, заедно со воздушните полициски сили кои ги обезбедуваат сојузнички авиони од Грција и Италија“, изјавил претставник на Алијансата, пренесува државната РТЦГ, повикувајќи се на весникот „Побједа“.
Црногорското Министерство за одбрана не ја потврди информацијата, но негови претставници соопштија дека разговорите со НАТО се во тек.