Караџовски: Нема нови случаи со бактеријата МРСА
Тој потенцираше дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе
за отежнато и подолготрајно лекување.
Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација. Додаде дека при испитување на секоја култура, секој брис, потребно се 48 часа за децидно да се каже има или нема присуство на одредена бактерија.