Србија со иницијатива за заеднички гранични премини во регионот
“Имаме сериозен проблем со чекање на границите и во летниот и во зимскиот период, бидејќи има се повеќе автомобили кои минуваат низ Србија. Само на Коридорот 10 минатата година помина 55 милиони возила, за 20 милиони повеќе од 2014 година, а оваа година очекуваме да поминат 60 милиони возила низ Србија”, изјави Михајловиќ.
Таа истакна дека така ќе биде со Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, но дека проблемот се земјите членки на Европската унија.