Обвинетиот Митрески за „27 април“ тврди дека биле изманипулирани
Митревски, како и претходните обвинети се осврна на сведочењста на браќата Михаил и Стефан Младеновски, за кои наведе дека има нелогичности и дека тоа може да се докаже со листинзите од мобилните за неговото движење на 27 април.
Митрески порача и дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари кои биле присутни на настаните од 27 април. За завршен збор на судењето останува уште обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.