Во Собранието утре ќе се расправа за имунитетот на Вељаноски
Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Вељаноски е осомничен во истрагата на јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.