Порошенко потпиша уставен амандман за членство во НАТО и ЕУ
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша уставен амандман, со кој ја обврзува земјата да стане членка на НАТО и ЕУ. Обраќајки се денеска пред Парламентот, Порошенко рече дека го гледа како статешка мисија обезбедувањето членство на Украина во НАТО и ЕУ.
Украина треба да поднесе барање за членство во ЕУ и да добие акциски план за членство во НАТО не подоцна од 2023 година, изјави претседателот во Парламентот.
Сепак тој истакна дека неговата земја треба да помине долг пат за да ги исполно критериумите за приклучување кон двете институции.