Вучиќ: Време е за договор со Косово
Две децении од најголемиот европски нерешен спор, српскиот претседател Александар Вучиќ за Блумберг изјави дека е време да се постигне договор, но дополни дека ќе биде исклучително тешко.
Во интервјуто за Блумберг, кое го пренесува Танјуг, Вучиќ потенцира дека прво мора да бидат укинати таксите, а секој договор мора да содржи слободно движење на стока и луѓе.
Блумберг оценува дека откако Атина и Скопје го решија спорот за името, меѓународниот притисок се префрла на Вучиќ, од кого се бара со косовскиот претседател Хашим Тачи да работи на постигнување договор.