Бомбашки напад во Кашмир – Убиени 44 индиски полицајци
Бомбаш-самоубиец денеска уби 44 индиски полицајци во Кашмир во најкрвавиот напад врз безбедносните сили во спорниот регион во изминатите децении. Инцидентот веројатно ќе ги зголеми тензиите меѓу Индија и соседниот Пакистан. Организацијата Џаиш-е-Мохамад(ЏеМ) со седиште во Пакистан ја презеде одговорноста за нападот врз полицискиот конвој на главниот автопат во Кашмир, информираат локалните медиуми.
Индија долго време го обвинува Пакистан дека ги поддржува милитантите во доминантно муслиманскиот Кашмир, територија на Хималаите поделена меѓу двете земји, но и двете земји, кои се нуклеарни сили, тврдат дека целата територија им припаѓа ним.
Американскиот амбасадор во Индија го осуди нападот.