Мијалков го испрашува Лазаревски за прислушувањето
Откако утврдиле дека системот за прислушување се злоупотребува со прислушување на јавни личности, Звонко Костовски на Ѓорги Лазаревски му рекол дека се прислушуваат актуелните министри.
„Ми рече - нема некој што не е прислушуван. Тогаш го замолив во 2010 да собира докази“, рече Лазаревски во денешното сведочење пред Суд.
Тој одговарајќи на прашањата на одбраната посочи дека по сознанијата што ги добил заедно со неговиот колега Звонко Костовски барале начин како да пристапат во вториот систем каде што биле следени нелегално комуникациите. При првиот пристап до системите во 2008 Лазаревски преземал само текстуални материјали, односно податоци за таргети и логови на тие што следат комуникации.
„Ние се обидуваме да го пробиеме новиот систем и да најдеме техничко решение за да можеме да вадиме податоци со тоа што овој пат вадевме аудио. Селекцијата ја правеше Звонко Костовски“, рече Лазаревски.
Денеска Лазаревски како сведок на СЈО го испрашуваат Сашо Мијалков и неговиот адвокат Љупчо Шврговски.
Одбраната во вкрстено испрашување инсистира на опис за начинот на кој сведокот ги презел прислушуваните разговори