Поднесени шест тужби за педофилија против Српската православна црква
Лондонскиот Виш суд поднел шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, потврди за Радио Слободна Европа адвокатот Младен Кесар кој ги застапува оштетените.
„Следниот чекор е тужениот да одговори на тужбата, па потоа Судот ќе одреди како ќе се води постапката“, рече Кесар за РСЕ и додаде дека има уште луѓе кои се заинтересирани да поднесат тужби, но правниот тим одлучил да го води случајот со помал број тужители.
Српската православна црква се уште јавно не се произнела за овие тужби.
Меѓу тужителите е и Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон кој пред неколку години јавно го обвини сега веќе пензионираниот владика на СПЦ, Василие Качавенда, дека „сексуално го вознемирувал“ и дека барал од него да му „подведува момчиња“.