Пратениците сакаат државна работа кога ќе им заврши мандатот
Во 2005-тата, беше изгласан Закон кој овозможуваше пратениците да се пензионираат со 25 години стаж и 55 години возраст, апратеничките, со 25 години стаж и 53 годишна возраст. Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради елементите нееднаквост и ретроактивност, шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови. Сега, доколку Владата прифати, ова би било уште еден обид да се воведе специјален, бенифициран статус на пратениците.