Петмина загинати во судир на воз и автобус кај Ниш
До несреќата дошло изутрина во 7:30 часот, кога, според првичните информации, возот удрил во на одбележан железнички премин, но без рампа, кај Ниш, по што излетал од шините. Како што јави РТС, автобусот превезувал деца во училиште.
Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.
Претходно беше објавено дека во несреќата имало тројца загинати.