Три жртви при судар на воз и автобус кај Ниш
Според неофицијални информации на „Блиц“, загинале две возрасни лица и едно дете, а 26 лица се повредени.
Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.